ВРАТОТ И РАМЕНАТА

ШТО ПРЕСТАВУВА БОЛКАТА ВО ВРАТОТ И РАМЕНАТА?

Болката во вратот и рамениот појас е проблем со кое многумина можат да се соочат неколку пати месечно. Зошто се јавува? Цервикалниот 'рбет се состои од седум пршлени кои заедно со лигаментите и мускулите служат како потпора и помагаат при движење на главата. Ако овие мускули не се доволно активни, тие стануваат послаби. Последиците кои се појавуваат се недоволната поддршка и појавата на болка. Болка во вратот и рамото, исто така, може да се појави поради неправилно оптоварување на мускулите на вратот за време на секојдневните активности.

ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ БОЛКИ ВО ПРЕДЕЛОТ НА ВРАТОТ И РАМЕНАТА?

Најчестите причини за болка се промените во структурата на цервикалниот 'рбет и вратот што можат да настанат поради неправилна положба на телото, напнатост на меките структури на вратот, спортски и работни оптоварувања или физичка активност и стрес, вознемиреност и депресија. Кога се појавува болка, прво треба да се открие причината за нејзината појава, и само тогаш лекарот може да го одреди соодветниот третман. Како терапија, тој често ќе препорача масажа и физикална терапија, терапевтски вежби за зголемување на мускулната стабилизација и сила, а во исто време и употреба на лекови против болки или аналгетски креми.